„Портрет“ во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ го објавува отворениот повик „Другите“ (The Others) за испраќање на креативни дела (фотографија, текст, илустрација, краток филм, видео…) на тема надминување на поделбите меѓу луѓето, прифаќање на нивните особености и препознавање на сличностите.

Повикот трае до 31 декември, а наградените дела избрани од посебна стручна Комисија, ќе добијат објава во „Портрет“ магазин. Креативните дела е потребно да се испратат на [email protected].

Повеќе информации за проектот може да се прочитаат на следниот линк.