Дури 14 млади таленти од цела Македонија се натпреваруваат за наклоност на публиката во осмиот циклус на проектот „Ново име“, за да добијат поддршка во износ до 2.500 евра со која ќе ги унапредат своите вештини или знаења.

Проектот во целост е поддржан од компанијата „ХТЛ Македонија“ и нејзините брендови, членки на групацијата „Новоматик“. Од почетокот на годината, седуммина млади ја искористија оваа шанса и му дадоа крила на својот талент од областа на музиката, културата, науката и спортот. Тие ја одушевија јавноста со своите дарби од доменот на пеењето, електронската музика, свирењето, танцот, цртањето и гејмингот…, покажувајќи дека меѓу нас има многу скриени таленти кои заслужуваат внимание и поддршка.

Со победата на Станче Алексов од Кочани, кој стана (седмо) Ново име на музиката, отворена е шансата за сите млади од 16 до 30 години од цела Македонија да тргнат во ноемврискиот циклус по неговите и чекорите на претходните победници – Сандра Туфеска, Ново име на цртањето, Влатко Иљачев, талент за пеењето, Антониј Ристески и Викторија Симеонова, нои имиња во светот на музиката, Ангела Георгиевска, надежна танчерка и Александар Јакимовски, ново име на гејмингот.

– Уште како мал го засакав саксофонот, кога ги гледав големите музички имиња како свираат тука, но и во светот. Веќе седум години се дружам со овој инструмент и сакам уште долго да свирам и да постигнам успех. Титулата и наградата ќе ми омозвожат да снимам спот и така својот талент да го претставам на пошироката публика“, вели Станчо Алексов, кој во октомври освои најмногу гласови и стана седмо Ново име.

Истата одлучност да се обидат во ноември ја покажаа 14 девојки и момчиња, подготвени на светот да му го покажат својот талент. Сега им е потребна поддршка, а секој ваш глас за нив е чекор поблиску за остварување на својот сон. Затоа, брзо на платформата на „Ново име“ и дајте го својот глас на својот фаворит! Борбата за титулата за осмото Ново име трае до крајот на месецот, а веќе од 1 деќември ќе биде познато и кој успеал во тоа.

Сите информации во врска со проектот „Ново име“ можете да ги следите на официјалната фејсбук-страница и на инстаграм-профилот.