Сите љубители на популарната серија „Игра на тронови“ сакаат да бидат во светот на своите херои, да седат на железниот престол или да го посетат замокот „Винтерфел“.

Ова е делумно возможно благодарение на хотелот „Рафинери“ во Њујорк, каде што е дизајниран посебен апартман под името „Дувлото на Ланистер“.

Амартманот инспириран од познатата серија е создаден за сите љубители на серијата кои би сакале да ги гледаат премиерните епизоди на „Игра на тронови“ во вистински кралски стил. Апартманот нуди специјални јадења по пример земен од серијата, чаша полна вино и необична атмосфера создадена од декорацијата: многу свеќи, змејови и што е најважно, пристап до HBO и HBO GO.

Во хотелот „Рафинери“ во Њујорк можете да се чувствувате како вистински крал. На рецепција гостите добиваат оброк сочинет од ладно месо и две шишиња црвено или бело вино. На менито се наоѓаат и специјалитети како што се свинска потколеница, грашок, риба, ѓумбир, маслинки, бадеми и компири.

Апартманот изгледа импресивно, а цената за една ноќ е 569 долари.