Остатоци од 58 потопени бродови со многу антиквитети биле пронајдени од страна на грчките археолози во водите на Егејското Море.

Како што јавуваат грчките медиуми, бродските остатоци се пронајдени во близина на островите Фурни и датираат од различни временски периоди, од грчки, римски и византиски.

Подводните истражувања ги спроведе меѓународен тим кој во 2015 година прво пронајде остатоци од 25 бродови, подоцна оваа бројка се искачи на 58, а археолозите веруваат дека на дното од морето се уште има други кои не се откриени.

Во остатоците има најмногу амфори, кои во тоа време се користеле за транспорт на вино, масло или мед.

Според археолозите, оваа голема подводна гробница на бродови се должи на немирното море и каменестиот брег во овој дел на Егејското Море.