Остатоци од средновековен викиншки брод биле пронајдени под копното во југоисточниот дел на Норвешка.

Остатоците што наликуваат на брод, се пронајдени околу 50 сантиметри под земјата со помош на радар, наведува „Дејли Мејл”.

Обликот и димензиите на објектот, како што заклучува д-р Кнут Пасе, одговараат на викиншките бродови.