При археолошките ископувања во Помпеја откриена е штала во која биле пронајдени остатоци од расен тркачи коњ.

Според археолозите од овој локалитет во близина на Неапол, коњот во моментот на смртта бил легнат на левата страна.

Директорот на Помпеја, Масимо Осана, нагласи дека станува збор за чистокрвен расен коњ најверојатно користен за трки, а не за работа.

Шталата е дел од богата вила, а при истражувањето на објектот пронајдени се кујнски предмети и остатоци од дрвен кревет.

Делови од античкиот град, уништен во ерупцијата на Везув во 79 година од нашаат ера, воопшто не се истражени.