Основачот на „Алибаба“ и компанијата „Ант Груп“, Џек Ма, ја загуби титулата најбогат Кинез, откако неговата деловна империја беше ставена под строга контрола на кинеските регулатори. Неговите ривали, пак, забележаа напредок на новата „Глобална ранг листа на богатите во 2021 година“ на истражувачката и медиумската група „Хурун“, пренесуваат светските медиуми.

Ма и неговото семејство го држеа првото место на листта на „Хурун“ за најбогати луѓе во Кина во 2019 и во 2020 година, додека сега тие паднаа на четвртото место.  Пред него се водечкиот Жонг Шаншан, сопственик на компанијата за производство на вода во шишиња „Нонгфу спринг“, Пони Ма кој е на чело на „ Тенсент холдинг“ и  Колин Хуанг, со компанијата „Пиндуодуо“ за услуги поврзани со електронска трговија.

Актуелниот најбогат Кинез, Јонг, за првпат го зазеде водечкото место на листата на „Хурун“ со богатство од 85 милијарди долари, што главно го стекна поради растот на цените на акциите на „Нонгфу спринг“ и на „Пекинг Вантаи биолоџикал фармаси“, производителот на вакцини што исто така е под негова контрола.

На новата проширена листа на „Хурун“ се уште 259 нови лица кои имаат богатство од барем милијарда долари, и сега на неа се вкупно 1.058 лица, така што Кина е прва држава во светот што има повеќе од 1.000 милијардери.