Студиото „А24“, кое стои зад наградуваните филмови како „Месечина“, „Бубамара“, „Необработени дијаманти“ и „Минари“, објави трејлер за својата нова драма „Ајде ајде“. Тоа е трогателна филмска приказна за врската помеѓу вујко и неговиот внук, напишана и режирана од Мајк Милс.
Главната улога во филмот му беше доверена на оскаровецот Хоакин Феникс. Тој го толкува Џони, автор на документарни филмови, кој, за потребите на неговиот нов проект, интервјуира деца низ САД за ситуацијата во светот. За време на патувањата од Лос Анџелес до Њујорк, а оттаму во Њу Орлеанс, тој е придружуван од неговиот осумгодишен внук Џеси (Вуди Норман), со кого дотогаш немал многу блиски односи. Меѓутоа, времето поминато заедно на патот ќе им ги промени животите на двајцата.
Филмот „Ајде ајде“ имаше премиера на 2 септември на фестивалот „Телурајд“, каде што остави многу добар впечаток кај публиката и критичарите. Неговиот моментален рејтинг на интернет-страницата „Ротен томатос“ е импресивни 100 отсто, добиени од само седум прегледи. Филмот се очекува да биде на репертоарот на светските кина од ноември.