Многумина ги сакаат пчелите и чувствуваат одбивност кон осите, меѓутоа овие инсекти не се воопшто лоши. Студија спроведена пред неколку години покажала дека осите се способни за расудување и логика, додека новите истражувања покажуваат дека тие се корисни и за човештвото.
– Кога им кажувам на луѓето за осите, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат никаква цел. Сепак, истражувањата покажуваат дека се многу корисни. Јасно е дека имаме различна емотивна поврзаност со осите и пчелите. Со пчелите живееме во хармонија долго време, но врската помеѓу луѓето и осите е често непријатна затоа што тие расипуваат излети и градат гнезда во нашите домови. Наспроти тоа, треба да ја надминеме негативната слика за осите и да ги заштитиме, бидејќи тие обезбедуваат заштита на животната средина на нашата планета. Нивниот број опаѓа, како и кај пчелите, а светот не може да си го дозволи тоа – вели професорот на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Сеиријан Самнер во изјава за „Гардијан“.

Осите се разновидни затоа што можат да се користат за контрола и сузбивање на штетниците без потреба од употреба на инсектициди, тие се корисни за опрашување, а нивниот отров може да се користи и во медицински истражувања за лекување болести како рак. Покрај тоа, тие може да бидат соодветна замена за месото.
Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашите екосистеми, за нивната популација да не продолжи да опаѓа.
Самнер тврди дека осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 растителни вида, а 164 вида, вклучувајќи ги и орхидеите, се целосно зависни од осите кога станува збор за опрашувањето. Се покажало дека повеќето оси не боцкаат.