Дали сакате Пикасо вреден околу 1 милион долари? Со трошок од само 100 евра, можеби ќе си го остварите сонот. Толку чини билетот за лотаријата организирана за доброволни цели за да го привлече среќниот добитник.
Пикасовото масло на платно „Мртва природа“, кое е создадено во 1921 година ќе може да го освои некој од учесниците на лотаријата на 30 март, објави организаторот, а пренесе Си-ен-ен.

Приходите од продажба на билетите за лотаријата ќе бидат наменети за обезбедување вода за пиење за 200.000 лица во Камерун, Мадагаскар и во Мароко. Проектот е воден од добротворната непрофитна организација КАРЕ, а лотаријата ја организира непрофитното здружение „Аидер Лес Аутрес“.

Платното во моментот е изложено на влезот од музејот „Пикасо“ во Париз.
Билетите можат да ги купат луѓе од целиот свет, а достапни се вкупно 200.000 билети. На претходната лотарија организирана во 2013 година, цртежот на Пикасо го освои човек од Пенсилванија.