Актерот Орландо Блум и неговата свршеничка, пејачката Кејти Пери добија ќерка на која и го дадоа името Дејзи Доув Блум. Како амбасадори на добра волја, двојката ја објави веста преку официјалниот твитер-налог на УНИЦЕФ. Пери и Блум објавија црно-бела фотографија на која се заедно со новородената ќерка Дејзи, пренесува „Дејли мејл“.

Пред девет месеци Кејти Пери со објава на Твитер на своите обожаватели им соопшти дека е бремена. Пери при промоција за нејзиниот нов сингл „Never Worn White на крајот на видеото го откри својот заоблен стомак.

Ова е прво дете на Пери и Блум, кој веќе е татко на деветгодишниот Флин од поранешниот брак со супермоделот Миранда Кер.