Организаторите на натпреварот за песна на Евровизијa („Евросонг“) ја отфрлија можноста за целосно шоу во живо без физичко дистанцирање за овогодинешниот настан кој треба да се одржи во мај.

Тие рекоа дека сè уште го одмеруваат најдобриот начин за да ја постават претставата и дека се „одлучни, но реални“.

Од натпреварувачите веќе беше побарано да произведат перформанс „во живо на лента“ пред натпреварот. Видеото ќе се користи ако пејачите не можат да патуваат поради пандемијата или се принудени да останат во карантин на местото на одржување.

Натпреварот сепак ќе се одржи во Ротердам, откако Холандија победи на натпреварот во 2019 година. Минатогодишниот настан беше откажан поради пандемијата.

– Натпреварот за песна на Евровизија дефинитивно ќе се врати овој мај и покрај пандемијата, но имајќи ги предвид околностите кои преовладуваат, за жал е невозможно да се одржи настанот на начин на кој сме навикнати – изјави извршниот супервизор Мартин Остердал.