Американската водителка Опра Винфри за британски „Вог“ изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година.
– Во оваа политичка структура во која царуваат само лаги, ужаси и заткулисни игри, мислам дека не би се снашла. Тоа не е чиста работа, би ме убила – смета Опра.
Се чини, Винфри со оваа изјава им стави крај на гласините за нејзината евентуална трка за Белата куќа.