Еден милион од вкупно осум милиони видови на целата планета се во опасност целосно да исчезнат поради луѓето, предупредија денес научниците, известуваат странски медиуми.

Со нивниот извештај од голема важност се исцртува мрачна слика од опустошената планета, во која што постојано расте човечката популација, а луѓето со своите неодговорни постапки ја уништуваат природата.

Според меѓувладината платформа за наука и политика за биолошка разновидност и екосистемски услуги и комисија на ОН, чиј извештај го напишаа 145 експерти од 50 земји, Глобалната стапка на исчезнати видови во просек е 10 до 100 пати повисока од претходно, во однос на последните 10 милиони години.

Намалениот простор за живеење, експлотацијата на природни ресурси, климатската промена и загадувањето се главни виновници за загубата на илјадници видови, стои во извештајот од меѓувладина платформа за наука и политика за биолошка разновидност и екосистемски услуги.

– Здравјето на екосистемите од кои што зависиме самите ние и сите други видови, се влошува побрзо од било кога. Потребна е целосна трансформација за да се спаси планетата – вели Роберт Вотсон, претседател на платформата.