Необичната појава на вградување на дијаманти под кожата станува тренд во светот. Младите брачни парови, наместо да купуваат веренички прстени, се почесто се одлучуваат да вградат дијамант на прстот. Овој тренд е посебно актуелен кај жените.

Покрај рацете, младите често се одлучуваат за вградување на дијаманти и во пределот на клучната коска и вратниот дел од ’рбетот.

Вградување на дијамант не може да се направи кај пластичен хирург, туку тоа го прават пирсинг-мајсторите, па затоа мислењата се поделени.

Според пирсинг-мајсторите овој начин на китење се нарекува микродермален пирсинг и не е опасен.

– Најпрво се прави дупка во кожата, па потоа се вметнува накитот – вели пирсинг-мајстор, кој објаснува дека единствен ризик постапката да не успее е телото да не го прифати дијамантот и да го отфрли.

Тој додава дека ако се внимава, тогаш не треба да има никакви проблеми.

Од друга страна лекарите предупредуваат дека оваа модерна и „нормална појава“ може да биде многу опасна и да предизвика компликации.

– Тоа е еден вид на имплант, а може да се појави и инфекција на коските, па пациентот да остане без прст или да се појави опасна алергиска рекација. На прстот кожата е тенка, а рацете постојано се во контакт со надворешни влијанија и може да настанат сериозни инфекции. Според мое мислење тоа е навистина голема глупост, која може да биде опасна. Оние кои во телото го вградуваат овој скапоцен камен не се ниту свесни дека можат да останат без прст, ако дојде до воспаление на коската. Лично, тоа на никого не го советувам – вели познат српски пластичен хирург.

Најопасни ризици од пирсингот се алергиските реакции, сепса, згрутчување на крвта, оштетување на нервите, парализа и труење и зараза со хепатитис Б и Ц.