Утре, со почеток во 11 часот на платформата „Зум“ ќе се одржи онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца кај нас, насловена „Слушам кај шумат шумите“, во издание на „Фолконика“- Скопје, Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца.

Всушност сликовнцицата е дел од проектот „Музички фолк сликовници за деца“, односно почеток на серија од наслови, кои ќе следуваат во иднина…

На промоцијата ќе се обратат: Душко Георгиевски, претседател на „Фолконика“ и Бајса Арифовска – музички соработник на проектот. И двајцата се познати музичари, а ќе биде исполнето и едно мзуичко парче од народната песна „Слушам кај шумат шумите“.

Печатењето на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шуматшумите“ финансиски е поддржано од Град Скопје. М.Т.