Денеска со почеток во 15 часот, на каналот на Интермецо мјузик бар на музичката мрежа Јутјуб ќе биде поставен велигденскиот концертот, насловен „Разделени но обединети“.

Ќе настапат популарните имиња на македонската естрада: Џина Папас – Џокси, Јаков Дренковски, Пере Нокаут, Дани Димитровска, Трајче Манев, Владимир Дојчиновски, Павле Камиловски, Трифун Костовски, Тамара Тодевска, „Љубојна“, Васил Гарванлиев, Ана Костовска и „Ај кју“ од Лондон.