Во периодот од 1912 до 1948 година, на Олимписките игри се одржувале натпревари во уметност. Биле доделувани медали за литература, архитектура, скулптура, сликарство и музика. Секако, тема на уметничките дела биле Олимписките игри.

Според основачот на модерната Олимпијада, Французинот Пјер де Фреди Кубертен, ова бил неопходен додаток на Олимписките игри затоа што Античките Грци одржувале уметнички фестивали паралелно со игрите. Додека да бидат отстранети од Олимписките игри, за уметничките настани биле доделени 151 медал.