Една минута не е многу време во секојдневниот живот, меѓутоа токму тие 60 секунди некогаш можат да променат сè, можат да се создадат или да се уништат животи, да се изгубат или да се освојат битки. Дали ќе поверувате ако некој ви каже дека само еден збор може да поттикне револуција или дека историјата може да се промени додека се вратите од вашиот годишен одмор? Ви претставуваме листа на одлуки низ историјата што биле донесени во последен момент и по кои светот веќе не е ист.

Атентатот врз Линколн
Претседателот Абрахам Линколн скоро и да не присуствувал на претставата во театарот „Форд“ на 14 април 1865 година, бидејќи вечерта Јулисиз Грант и неговата сопруга Мери требало да му бидат гости на Линколн, но тие го откажале нивното доаѓање во последен момент. Сепак, Линколн рекол дека од него се очекува да биде во театарот. Другото е историја.

Бомбардирањето на Нагасаки
Градот во Јапонија Кокура бил меѓу целите за американски нуклеарен напад врз Јапонија. Додека бомбардерите се приближувале, сфатиле дека е премногу облачно да се лета и својот напад го пренасочиле кон Нагасаки.

Падот на Берлинскиот ѕид
Лидерите од Источна Германија се обидувале да ги смират протестите што избиле, со олабавување на контролата на границите, но промените требало да бидат мали. Меѓутоа, начинот на кој сето тоа било соопштено го смени текот на историјата. Белешките со новите правила биле дадени во рацете на портпаролот на Централниот комитет на источногерманското политбиро Гунтер Шабовски, кој немал време да ги разгледа пред прес-конференцијата.
– Приватните патувања надвор од земјата сега можат да се спроведат без никакви предуслови – изјавил тој, а изненадените новинари побарале повеќе информации.
Пребарувајќи по белешките, Шабовски рекол дека колку што знае, ова стапува во сила веднаш, а всушност тоа требало да се случи следниот ден со детални упатства за аплицирање за виза. Но вестите биле емитувани од сите телевизиски станици и веќе немало враќање назад.

„Имам сон“
Мартин Лутер Кинг воопшто не планирал да го одржи својот славен говор „Имам сон“ во кој тој повикува на расна еднаквост и крај на дискриминацијата. Додека тој зборувал, пејачката Махалија Џексон извикала „раскажувај им за сонот“, по што Кинг ги изговорил легендарните зборови. Говорот предизвикал воодушевување меѓу присутните и се смета за еден од најдобрите говори во историјата на американското говорништво.

Пионер помеѓу антибиотиците
Додека д-р Александар Флеминг се подготвувал за годишен одмор во 1928 година, тој случајно заборавил да ги исчисти своите петриеви садови, кои биле депонирани на неговото биро. Кога се вратил, забележал дека врз нив се формирала мувла што ги убила повеќето бактерии, па на тој начин го создал пеницилинот.

План за бомбардирање
Во услови на тензии меѓу САД и Северна Кореја во раните 1990-ти години, секретарот за одбрана Вилијам Пери смислил план за бомбардирање со кој би се уплашил непријателот. Стравувајќи дека ќе избие војната, Пери во последен момент го откажал планот, а двете држави склучиле примирје.

Лажно предупредување
Рускиот нуклеарен систем за рано предупредување на 26.9.1983 година открил нуклеарен напад од САД, по што полковникот Станислав Петров требало да возврати со напад, меѓутоа верувал дека станува збор за лажен аларм. Ова подоцна се покажало како точно, со што на Петров му било дадено признание за спречување нуклеарна војна.