Кралското семејство соопшти дека е повредено по објавата на војводата и војвотката од Сасекс дека ќе се повлечат од своите кралски функции.

Како што пренесува Би-би-си, принцот Хари и Меган не се консултирале со никого од кралското семејство пред да ја соопштат нивната одлука.

– Бакингамската палата беше слепа – рекол Џони Дајмонд, претставник на кралското семејство, во врска со идните чекори на брачната двојка.

Палатата соопшти дека се работи за комплицирани прашања низ кои мора да поминат.

Принцот Хари и Меган вчера преку соопштение објавија дека по повеќемесечни размислувања и меѓусебни дискусии, одлучиле да го напуштат кралското семејство и да работат за да бидат финансиски независни.