Постојат голем број филмови во кои кучињата играле клучни улоги, ви претставуваме 10 од нив

Филмовите во кои кучињата играат важни, па дури и водечки улоги, не се невообичаени во Холивуд. Причината е едноставна – публиката ги сака. Луѓето сакаат да ги гледаат влакнестите пријатели на големото платно и да уживаат во слатките сцени. Врската меѓу човек и куче е прекрасна, а кога станува дел од филмот, честопати многу гледачи се идентификуваат со улогите на сопственици на крзнени миленичиња. Постојат голем број филмови во кои кучињата играле клучни улоги, ви претставуваме 10 од нив.

1. „Марли и јас“
Двојка (Џенифер Анистон и Овен Вилсон) посвојува многу палав лабрадор, кој станува составен дел од нивното семејство. Без разлика дали сте љубител на кучиња или не, овој филм ќе ги насолзи вашите очи. Станува збор за приказна за 13 години поминати во друштво на лабрадор.

2. „Дамата и скитникот“ (1955)
Оваа сакана приказна првпат се појави во далечната 1955 година, а во меѓувреме е снимена и нова верзија. Класикот на Дизни е всушност патување низ различни аспекти на животот на кучињата што никого не остава рамнодушен

3. „101 далматинец“ (1996)
Веројатно ви е позната оваа приказна. Изгубените кученца се обидуваат да избегаат од злобната Круела Девил. Во оваа верзија од 1996 година имаме можност да уживаме во леглото на најслатките кученца. За разлика од претходната цртана верзија, во оваа верзија кученцата не зборуваат.

4. „Бетовен“ (1992)
Гигантски, но пријателски настроен бербардијан по име Бетовен, предизвикува низа бељи во домот на семејството Њутн, кои се одлучуваат да го чуваат како домашно милениче откако ќе влезе во нивниот дом.

5. „Оставени на Антарктикот“ (2006)
Ова е приказна за пријателството и лојалноста во која тројца научници од експедицијата на Антарктикот се борат со тешките временски услови и страшната несреќа што ги принудува да ги остават своите кучиња и санки зад себе.

6. „Леси“ (1943)
Едно од најпознатите кучиња што се појавило во филмовите и најпознатото коли на светот е Леси. Романот во еден момент стана филм и беа снимени неколку верзии на приказната за лојалноста на кучето кон неговото оригинално семејство.

7. „Хачико: Приказната за кучето“ (2009)
Професорот Паркер Вилсон (Ричард Гир) спасува прекрасно кученце во снежна ноќ и меѓу нив се развива силно пријателство. Како додаток на шармот на оваа приказна е и фактот дека филмот се базира на вистинска приказна сместена во Токио во дваесеттите години на минатиот век, кога едно куче го чекаше цела деценија на железничка станица неговиот сопственик, кој почина.

8. „Тарнер и Хуч“ (1989)
„Тарнер и Хуч“ е американска комедија од 1989 година во која кучето по име Хуч, кој е бордошка дога, ја игра главната улога заедно со Том Хенкс. Том Хенкс еднаш рече дека ова е една од најтешките улоги што ги играл.

9. „Того“ (2019)
Ова е приказна за хаски по име Того, која е снимена според вистински настан. Приказната ги следи Леонард Сепал и неговото куче во 1925 година, кои водат тим со кучиња што пренесуваа серум против дифтерија низ тешки услови со цел да го спасат градот Номе од епидемија.

10. „Стариот жолтко“ (1957)
„Стариот жолтко“ е всушност класична приказна за растењето, но исто така и приказна за пријателството помеѓу момче и куче. Ова е драма, вестерн и приказна за пријателството во едно.