Нетфликс го објави трејлерот за филмот „Не гледај нагоре“ со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги.
„Не гледај нагоре“ е претстојниот американски научнофантастичен филм, напишан, продуциран и режиран од Адам Мекеј, со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги, како двајца астрономи што се обидуваат, преку медиумите, да го предупредат човештвото за комета што ќе ја уништи Земјата.
Во филмот играат и Роб Морган, Марк Рајленс, Тајлер Пери, Тимоти Шаламе, Рон Перлман, Аријана Гранде, Скот Мескуди, Химеш Пател, Мелани Лински, Мајкл Чиклис, Томер Сисли, Кејт Бланшет и Мерил Стрип.
Продуциран од „Хајперобџект индустрис“ и „Блуграс филмс“, филмот треба да добие ограничено прикажување во кината на 10 декември 2021 година, пред да се емитува на Нетфликс, на 24 декември.