Во издание на „Бата прес“, на македонски јазик е објавен романот „Теодосиј Малиот“ од познатиот романски писател и сценарист Разван Радулеску, кој за ова обемно сатирично дело ја доби престижната европска награда за литература. Делото од романски го преведе Димо Н. Димчев (Дина Кувата), а неговото објавување во рамките на проектот „Креативна Европа“ е поддржано од Европската Унија и од Министерството за култура.

– Најнеобичен детаљ во фантастичното кралство на Теодосиј Малиот е името на неговиот главен град – Букурешт. Од тоа не е тешко да се заклучи дека целото кралство, различните поделби меѓу неговото население, како и борбите за власт што се одигруваат внатре, треба да се читаат како Романија вчера, денес, а можеби и утре. Проблемот е што за да се сфатат подобро поврзувањата со Романија, би требало добро да се познава нејзината историска и сегашна состојба – пишува за делото хрватскиот книжевен критичар Дарио Малиќ.

Авторот Разван Радулеску е еден од најценетите и најпопуларни романски писатели и сценаристи од средната генерација. Дал голем придонес за развитокот на постреволуционерната романска кинематографија. Објавил два извонредно прифатени романи: „Животот и делото на Елија Казан“ (во 1997 година ја доби наградата на Друштвото на романските писатели за најдобар дебитантски роман).