Неодамна беше објавен првиот трејлер за долго очекуваниот филм што се снима за култната група „Квин“, насловен „Боемска рапсодија“, во кој главната улога ја толкува Рами Малек, кој го глуми Фреди Меркури во времето на неговата најголема слава.
Дејството на филмот е сместено во 1970 година, кога Фреди се здружува со Брајан Меј и со Роџер Тејлор, следејќи го патот на групата сѐ до нивниот настап на концертот „Лајв ејд“, 6 години пред смртта на Фреди од компликации предизвикани од сида.
Филмот го режираа Дектер Флечер и Брајан Сингер, според сценариото на Ентони Мекартен. Освен Рами Малек во филмот глумат и Мики Маерс, Џозеф Мазело, Бен Харди, Гвилим и други.
Филмот „Боемска рапсодија“ премиерно ќе биде прикажан на 2 ноември годинава.