Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја објавија првата фотографија од Марс, снимена од нивната сонда „Амал“ (надеж) која кружи околу Црвената планета.

На фотографијата снимена на 10 февруари се гледа северниот пол на Марс, како и Олимп Монс, најголемиот вулкан во Сончевиот Систем, објави во соопштението националната вселенска агенција на ОАЕ.

Сондата Амал на 9 февруари влезе со орбитата на Марс, што е голем успех за првата вселенска мисија од арапскиот свет.