Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и „Guerra Edizioni“ и оваа година организираат настан во чест на Неделата на италијанскиот јазик.

На настанот, свое обраќање ќе имаат врвни домашни и странски професори од областа на италијанскиот јазик. Настанот ќе се одржи утре од 11 часот, во Мултимедијалниот центар на Катедрата за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.

11:00-11:45 – Зошто да се изучува италијанскиот јазик?
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Александра Саржоска, раководител на Катедра за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“
11:45-12:15 – Пауза/Регистрација на учесници
12:15-14:00 – Меѓународeн семинар за обука на професори по италијански јазик
Насоки за користење на учебниците по италијански јазик „Ragazzi in rete“
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Радица Никодиновска, претседател на Здружението на професори по италијански јазик
г-ѓа Сара Челини, Гуера Едициони – Перуџа
г-ѓа Тамара Јовановиќ-Нешовска, Арс студио – Скопје