Фустан носен од принцезата Дијана за време на кралската посета на Бахреин можно е да достигне цена од 100 илјади фунти на аукција, две децении откако бил дониран во продавница за стара облека, а бил купен за само 200 фунти. Фустанот бил купен од жена вработена во продавницата за стара облека, која планирала да го носи на бал, но никогаш не го облекла. Таа ја сфатила неговата вредност откако го забележала во документарен филм, пренесува британски „Индепендент“.


Фустанот ќе биде изложен за наддавање во аукциската куќа „Кери Тејлор“ во јужен Лодон, в понеделник, а крајната цена може да достигне висина од 60 до 100 илјади фунти.

– Голем број парчиња од облеката на принцезата Дијана кои ги имаме продадено во текот на годините потекнуваат од добротворни акции кои таа ги организирала во 90-тите години, но фустанов некако ја избегнал таа судбина – вели Кери Тејлор за „Индепендент“. 

Тејлор открива дека дизајнерот Елизабет Емануел, жена и соработничка на Дејвид Емануел, дека овој фустан е единствениот од ваков вид досега креиран.

Друго парче облека кое го поседува истата жена е сино палто од „Челзи Дизајн Компани“, купено по цена од 30 фунти, а се проценува дека ќе достигне цена од 2.500 до 3.500 фунти.

Принцезата Дијана многу ги ценела дизајните на Дејвид и Елизабет Емануел, што се забележува според нејзиниот гламурозен венчален фустан од 1981 година. Ова не е првпат фустаните на принцезата Дијана да достигнат високи цени на аукции. Во 2016, ноќна наметка носена од Дијана достигна цена од 96 илјади долари, на аукција која беше исто така оддржана од аукциската куќа „Кери Тејлор“.