Познатата водителка Елен Деџенерис се соочува со обвинувања за вознемирување на 11-годишно дете на нејзина колешка пред 40 години, пишува „Мирор“.

Деџенерис пред да стане позната, наводно, се однесува непристојно кон синот на колешката, Бен Граволет. Тоа го тврди и самиот Бен, кој денес има педесет и две години. Тој раскажал како Елен, која тогаш работела за неговата мајка во агенција за вработување, се шегувала на сметка на неговата прекумерна тежина.

– Елен постојано ја критикуваше мојата облека и мојата тежина. Таа се шегуваше, но тоа беше на злобен начин. Таа ми велеше дека сум ужасен и дебел. Ми велеше и дека сум глупав. Јас бев само дете, а таа возрасна жена, која уживаше во тоа да ме гледа вознемирен – раскажал Граволет.

Тој за „Мирор“ рекол дека за такво нешто „не постои извинување“, како и дека Елен „едноставно е злобна личност“.

Елен во моментов се соочува со сериозни обвинувања за токсична атмосфера на работното место и малтретирање на вработените како и вознемирување при работа, поради што се води официјална истрага против неа, продуцентите и нејзиното шоу.