Неколку нуклеарни постројки во централна Русија биле цел на сајбер-напади, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Според него, во последните три години во Централниот федерален округ се регистрирани повеќе од 11.500 опасни компјутерски напади, а годинава нивниот раст надмина 15 проценти.
– Меѓу нападнатите објекти се информативни ресурси на владините органи и локалните самоуправи, компании од воено-индустрискиот комплекс, енергетиката, вклучувајќи ја и нуклеарната, како и образовните институции – вели Патрушев.
Според зборовите на Патрушев, ситуацијата во сајбер-просторот сѐ уште е тешка, меѓу другото и поради активностите на странските разузнавачки служби.
Во централна Русија се наоѓаат нуклеарни централи во Калининград, Нововоронеж, Смоленск и Курск.