Филмот, кој беше објавен во февруари, конечно пристигна во кината и веќе ги подели критичарите. Некои се воодушевени од новата реализација на режисерот на филмот „Шесто сетило“, М. Најт Шамалан, а некои мислат дека не го остварил целиот потенцијал што го предлага трејлерот.
Филмот „Остарени“ (Old) е опишан како трилер, во кој луѓето одеднаш почнуваат да стареат со огромна брзина, откако пристигнуваат на тропски остров. Само за неколку часа децата стануваат тинејџери, а нивните родители повеќе личат на баби и дедовци, бидејќи развиваат нови брчки од минута во минута. Се чини дека нема бегање од оваа „идила“, бидејќи секој обид на главните ликови ги враќа таму каде што започнале.
Ова достигнување е филмска адаптација на графичкиот роман „Песочен замок“, чии автори се Пјер Оскар Леви и Фредерик Петерс. Приказната ги следи Гај и Приска, кои се под стрес и бараат мир заедно со нивниот шестгодишен син и единаесетгодишна ќерка. Откриваат дека постои прекрасна тајна плажа резервирана само за одредени гости, но кога ќе стигнат таму, наоѓаат повеќе луѓе. Таму се: богат рапер, нервозен хирург со неговата сопруга, мајка и ќерка, како и болничар со неговата партнерка, која боледува од епилепсија. Наскоро, секој почнува да старее необјасниво и бара излез од овој кошмар.
Многу необична премиса, која носи моменти на мистерија, ужас, но и драма за растењето, созревањето и спознавањето на сопствената смртност. Од Шамалан веќе сме навикнати на пресврти и комплицирани кулминации, со одредени комични елементи. Филмот е веќе во киносалите и добива сѐ поголема гледаност.