Американскиот весник Њујорк тајмс тврди дека Фејсбук постигнал договор за поделба на податоци со најмалку 60 компании кои се занимаваат со производство на телефони и други уреди, меѓу кои и Епл и Амазон.

Новиот скандал предизвикува дополнителна загриженост за тоа од што се одрекуваат корисниците кога ја користат таа социјална мрежа.

Весникот тврди дека ФБ дозволил компании да пристапат до податоци на пријатели на корисникот без нивна согласност.

Според Њујорк тајмс, одделни производители на уреди можеле да соберат лични податоци на тие пријатели иако тие сметале дека забраниле каква било поделба на свои податоци.

Фејсбук негира дека давал обемни информации за свои корисници и нивни пријатели на трети страни како што се производители на телефони.

Тоа е втора афера што ја потресува популарната социјална мрежа откако беше објавено дека компанијата Кембриџ аналитика користела податоци на повеќе милиони корисници на ФБ поради што шефот на ФБ, Марк Закерберг сведочеше во американскиот Конгрес и Европскиот парламент.