Никогаш не е доста во животот од акциите на Рамбо или Силвестер Сталоне.
Сталоне деновиве ги израдува своите обожаватели со тоа што на својот инстаграм-профил го објави официјалниот постер на петтиот дел на филмот „Рамбо“.
Најновото продолжение, или „Рамбо 5“, треба да се појави во кината во 2019 година, но не се знае кога поточно. На постерот е илустрирана силуета од озлогласениот херој како забива нож во земја.

– Нешто опасно ви се подготвува – напиша Сталоне на својот профил.
Не е познато дали актерот ќе се врати и во улога на режисер за овој филм, со оглед на тоа што е презафатен периодов и работи на неколку проекти истовремено.