Кремастото вкусно млечно чоколадо е едно од најомилените слатки во светот. Но со тој привлечен вкус доаѓаат и огромно количество шеќер и маснотии, што го прави млечното чоколадо многу помалку здраво од горчливото темно чоколадо.
Темното чоколадо се смета за поздраво и подобра, но се чини дека тоа не е вистина, затоа што постои начин да се зголеми хранливата вредност на млечното чоколадо без да се жртвува неговиот вкус, покажало истражувањето претставено на конференцијата „Американско хемиско општество 2020“.
Новата повисока антиоксидантна форма на млечното чоколадо може да се произведе со рециклирање остатоци од храна што инаку би отишле во отпад, како што се кафето, отфрлените лисја од билките за чај и лушпите од кикиритки.

Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина тврдат дека овие земјоделски отпадни производи се „златни минерали“ на антиоксиданти, кои можат да го намалат воспалението и да штитат од одредени хронични заболувања.
– Идејата за овој проект почна со испитување различни видови земјоделски отпад за биоактивност, особено лушпите од кикиритки – вели Лиза Оерл Дин, професорка по наука за храна во Северна Каролина и водачка на истражувањето.
Нејзиниот тим открил дека лушпите од кикиритки, кои обично се фрлаат откако ќе се испечат кикириките за да се направат путер од кикиритки и други производи, содржат 15 проценти фенол (растителна супстанција богата со антиоксиданти) по тежина.

Со мелење на лушпата во прав и додавање на тоа во млечното чоколадо, истражувачите биле во можност не само да го направат чоколадото похранливо туку и да го замаскираат горчливиот вкус на антиоксидантот.
– Фенолите се многу горчливи, па моравме да најдеме начин да го ублажиме тоа – вели Дин.