Кога станува збор за губење на килограмите, многу „товар“ е ставен врз самата исхрана и честопати можеме да ја слушнеме онаа позната изрека „70 отсто исхрана, 30 отсто тренинг“, но научниците не го потврдуваат тоа.
Всушност, новите истражувања покажале дека оваа теорија можеби сепак не е точна. Имено, научниците од Универзитетот во Колорадо веруваат дека вежбањето е многу поефикасно од исхраната кога станува збор за губење на тежината, пишува порталот „Мајнд боди грин“.

– Истражувањето се осврна на прашањето за губење на тежината во текот на долг временски период. Покажавме дека луѓето побрзо изгубија тежина со посилна физичка активност отколку со ограничено внесување храна – вели докторандот Даниела Остендорф.
Иако ова истражување не е причина за внесување на сè што ќе посакаме во нашето тело, може да нѐ поттикне да живееме поактивен фитнес-живот, наместо да се грижиме премногу за калориите.

Овие резултати ги истакнуваат важноста и вредноста на вежбањето во остварувањето на целите поврзани со слабеењето. Покрај тоа, менталните и физичките придобивки што ни ги носат тренинзите се доволна причина да се вклучиме во каква било спортска активност.