Празниците се пред нас, а со нив одлично оди маратон од божиќни и новогодишни филмови. Без разлика дали веќе сте ги гледале или не, ова се задолжителните десет филма за деновиве што следуваат.

„Сам дома“ – 1990 г.
Жанр: комедија, семеен,
Режија: Крис Колмбус
Улоги: Меколи Калкин, Џо Песци, Даниел Стерн
Кратка содржина: Кевин, дете од големо семејство, го забораваат дома за време на празниците. Во тој период се појавуваат провалници и тој се обидува да го спаси домот од нив. Ова е божиќен класик. Филм со вистински празничен дух.

„Прекрасен живот“ – 1946 г.
Жанр: драма, семеен филм
Режија: Френк Капра
Улоги: Џејмс Стјуарт, Дона Рид, Лајонел Беримор
Кратка содржина: Бизнисменот од Њујорк Џорџ Бејли е разочаран од својот живот и размислува да се убие. За време на празниците го посетува ангел што сака да го спаси. Основата на приказната е дека еден живот може да инспирира и да влијае на голем број луѓе.

„Мапет крисмас Керол“ – 1992 г.
Жанр: комедија, семеен
Режија: Рајан Хенсон
Улоги: Мајкл Кејн, Дејв Гоелц, Стив Витмер
Кратка содржина: Класична приказна од Чарлс Дикенс, која зборува за алчен стар човек, ладно срце што нема милост и љубов за никого, дури ни за Божиќ. Го посетуваат три духа за Божиќ да го научат на една вредна лекција.

„Елф“ – 2003 г.
Жанр: комедија, семеен филм
Режија: Џон Февру
Улоги: Џил Фарел, Џејмс Кан, Боб Њухер
Кратка содржина: Бади е израснат како елф на Северниот Пол и покрај тоа што e човек. По хаосот што го прави во божиќното село поради својата големина, го дознава своето потекло и оди во Америка за да го бара своето семејство.

„Чудо од 34-тата улица“ – 1947 г.
Жанр: комедија, драма, семеен филм
Режија: Џорџ Ситон
Улоги: Едмонд Гвен, Мурен Охера, Џон Пејн
Кратка содржина: Приказната следи еден прекрасен возрасен човек што мисли дека е Дедо Мраз, а кога се обидуваат да го прогласат за луд, тој на судењето се обидува да ја брани својата репутација како Дедо Мраз.

„Божиќна приказна“ – 1983 г.
Жанр: комедија, семеен филм
Режија: Боб Кларк
Улоги: Питер Билингсли, Мелинда Дилон, Дарен Мекгавин
Кратка содржина: Нараторот Ралфи Паркер, во исто време и главен лик, се сеќава на еден Божиќ кога имал 9 години и кога тој сакал само едно – воздушна пушка на Ред Рајдер. И покрај противењето, тој ќе се обиде да ги убеди сите дека ова е одличен подарок за него.

„Кошмар пред Божиќ“ – 1993 г.
Жанр: фантазија, анимиран
Режија: Хенри Селик
Улоги: Деј Елмен, Крис Сарандон
Кратка содржина: „Кошмар пред Божиќ“ се одвива околу погрешната страст на Џек Скелингтон, саканиот Крал-Тиква на градот Халовин, кој го надгледува создавањето на морбидните задоволства, стравови и изненадувања. Тој одлучува да го доведе божјиот дух во својот град и со тоа да направи различни компликации за сите.

„Умри машки“ – 1988 г.
Жанр: акција
Режија: Џон Мектернен
Улоги: Брус Вилис, Ален Рокмен
Кратка содржина: Џон Меклејн патува за време на празниците во Лос Анџелес за да ги помине со својата сопруга. За време на прославата, терористичката група, предводена од Ханс Грубер, сите гости ги прави заложници. Меклејн се обидува на свој начин да спаси сè.

„Полар експрес“ – 2004 г.
Жанр: авантура, анимиран
Режија: Роберт Земекис
Улоги: Том Хенкс, Крис Копола, Мајкл Џетер
Кратка содржина: Вистински чуда се случуваат на божиќната вечер, така е и за момчето Били, кое почнува да се сомнева во постоењето на Дедо Мраз. Тој ќе започне возбудливо патување низ Северниот Пол во возот наречен „Полар експрес“. Таму се потсетува на магичноста на Божиќ.

„Всушност, љубов“ – 2003 г.
Жанр: романса, комедија
Режија: Ричард Куртс
Улоги: Хју Грант, Ема Томсон, Лијам Нисон
Кратка содржина: Овој сезонски филм со различни актерски амбиции ја следи приказната за осум двојки, кои се меѓусебно многу различни во своите приказни и проблеми пред Божиќ во Лондон. Една од најдобрите романтични комедии.