Дел од прославата на двете успешни децении на фестивалот „Егзит“, кој ќе се одржи на Петроварадинската тврдина, од 8 до 11 јули, ќе бидат: Асаф Авидан, Артбат, Медуза, Сабатон, Хот Синс 82 и многу други. Веста предизвика воодушевување кај фестивалските обожаватели низ светот и надеж дека со забрзана вакцинација и почитување на мерките може што поскоро да се види излезот од пандемијата.
Во новата силна екипа особено се истакнуваат сопственикот на мегахитот „Breaking Me“, германскиот продуцент и диџеј „Топик“, глобално саканата музичка уметница Амира Медуњанин, како и суперпопуларното српско електророк-дуо „Буч Кесиди“. Сите тие се придружуваат на претходно објавените популарни изведувачи, кои ги предводат: Дејвид Гета, диџеј Снејк, Тајга, Ерик Приц, Фор Тет, Соломун, Борис Брејча, Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Хани Дижон, Метрономи, Шек Вес и многу други.
Своите настапи ги потврди и силна регионална екипа, која ја сочинуваат: Ида Престер со „Лолобриџида“, Немесис, Драм, Е-плеј, Дип Стеди и Шајзербитерлемон, како и српската транс-постава сочинета од Пион лајв, Имагинариум лајв и диџеите Аквапајп, ДаПис, Мозза и Чед.