Кога „оскарите“ во 2015 година објавија група на 20 бели актери номинирани за престижната филмска награда, тогашната претседателка на Академијата беше запрашан дали станува збор за проблем со дивезритетот, пишува „Њујорк тајмс“.

– Воопшто немаме проблем. Никаков проблем – кажа тогаш Шерил Бун Ајзакс.

Каква разлика направија петте изминати години. По втората група на номинирани бели актери и кампањата „Оскарите се толку бели“ која прерасна во апел за промени, Академијата почна да презема големи чекори за диверзификација на членството кое главно беше составено од бели мажи во текот на девет децении.

Тие цели за инклузија беа остварени пред девет месеци, а неделава, Академијата претстави уште поамбициозна иницијатива за диверзитет со намера за преобликување на, не само начинот за наградување на филмовите, туку и на процесот за одлучување кој учестува во нивното снимање.

Препораките кои треба да бидат воведени до 96-то издание на „оскарите“ во 2024 година ќе бараат од филмовите да исполнат два од четирите стандарди за диверзитет за да влезат во конкуренција за најдобар филм. Тоа е иницијатива која би можела да ги охрабри студијата да спроведат поправедни практики за ангажман и да го прошират опсегот на приказни кои ги претставуваат во филмовите.

Објавата го разбранува Холивуд, но новите препораки не се строги како што се чини на прв поглед. Првиот сет на препораки групирани во т.н. „стандард А“ со право привлече најголемо внимание – негова цел е да ја поттикне разноликоста пред камерата во инндустријата која уште е насочена кон белите актиери. За задоволувње на стандардот А, треба да биде исполнет еден од три критериуми – најмалку еден актер од помалку застапена раса или етничка група треба да има значајна улога, приказната мора да биде центрирана врз жените, припадниците на ЛГБТКЈУ заедницата, расна или етничка група или кон лицата со инвалидитет и барем 30 отсто од актерите мора да бидат од барем две од четирите помалку застапени категории.

Последните два критериуми би можеле значително да ги сменат приказните кои се одобрувани за снимање, како и луѓето кои се појавуваат во нив.

Стандардот Б е фокусиран на луѓето ангажирани зад камерата и бара од продукциите да исполнат критериуми за разноликост на режисерите, кинематографите и на композиторите, како и на останатите членови на екипата кои учествуваат во снимањето на филмовите.

Стандардот Ц се однесува на компанијата што го дистрибуира или финасира филмот, која треба да понуди обука или работа на луѓе од помалку застапените заедници, слично како и стандардот Д.

Бидејќи само два од четирите стандарди мораат да бидат исполнети за филмот да биде во конкуренција за „оскар“, а стандардите Ц и Д се најлесни за исполнување, кандидатите за најдобар филм би можеле да останат еднолични, пред и зад камерата.

Земајќи ги препораките предвид, се поставува прашањето дали воопшто ќе дојде до промени. Веројатно да, но тешко е да се оцени во колкава мера. Дури и ако овозможат разноликост, тие би можеле да ги поттикнат филмаџиите и филмските студија да го сфатат диверзитетот посериозно. А кога прашањето е ставено на маса, гласачите за „оскарите“ можеби ќе бидат заинтересирани да дознаат како биле спроведени стандардите при снимањето на филмовите. Во најмала рака, ова е признание дека Академијата не е пасивен учесник кога станува збор за диверзитетот во Холивуд. „Оскарите“ можат да имаат голем значај и нивните гледишта долго влијаеја врз филмовите кои се снимаат и врз филмаџиите задолжени за нив. Овие препораки кажуваат дека остуството на диверзитет не е само проблем на „Холивуд“, заклучува „Њујорк тајмс“.