Малезија го забрани филмот „Измамничките од Волстрит“ во кој главната улога ја има Џенифер Лопез. Одборот за цензура одлучил дека филмот не е соодветен за јавно прикажување.

Филмот за стриптизерки кои се обидуваат да се збогатат е забранет поради исклучително непристојна содржина.

Одборот утврдил дека голите гради, еротските танци и сцени во кои е прикажана и дрога се несоодветни.

„Сквер бокс пикчрс“, компанијата која го дистрибуира филмот, потврди дека е забранет во Малезија.

Покрај Лопез, во филмот глумат и Констанцa Ву, Џулија Стајлс, пејачката Лизо и раперката Карди Би. Станува збор за вистинска приказна за егзотични танчарки кои се обидуваат да ги измамат своите богати клиенти.

На почетокот на годинава Малезија ги цензурира геј-сцените во филмот „Рокетмен“ за животот на Елтон Џон.