Ако некогаш се најдете во ситуација да немате пристап до чиста проточна вода, има неколку работи што можете да ги направите и да преживеете. Да ​​купите флаширана вода во продавница, како подготовка за итни случаи, е една од можните опции, но производите како што е „Лајф Стро“ (кои можат да ја прочистат водата од езера, потоци, езерца и реки) можат да направат чуда.

Компанијата „Вотерген“ за технологија на вода, се надева дека има решение. Новата верзија на уредот ЏЕНИ кој работи на соларна енергија, произведува вода од влага.
Претходниот уред ЏЕНИ користи технологија која ја собира влагата од воздухот и ја претвора во чиста, ладна и вода за пиење. Технологија е импресивна, но за да функционира потребно е класично напојување со енергија како што работат и ладилниците за вода.

Новиот уред ЏЕНИ, благодарение на низата од четири масивни соларни панели кои се во комплет нема потреба од надворешно напојување со енергија. И покрај можноста да функционира исто како и претходните изданија, новата верзија може да се напојува кога ќе се постави надвор – нема потреба од приклучоци или водовод.

– Нудејќи ги сите исти перфоманси како ЏЕНИ, идеално е да се користи на оддалечени места, рурални села, паркови и зелени станбени простории, каде снабдувањето со електрична енергија е несигурно или недостапно – се вели во соопштението на компанијата „Вотерген“.

Сончевиот ЏЕНИ е во состојба да произведува до 13,25 литри вода на ден.

Само за споредба стандардниот ЏЕНИ може да произведува 30 литри вода за пиење на ден, така што верзијата која работи на соларна енергија е помалку моќна.