Телевизискиот филм „Хари и Меган: Бегство од палатата“ што деновиве ја доживеа својата премиера, зборува за последниот голем скандал што го погоди британското кралско семејство – заминувањето на војводата од Сасекс.
Ова е трет во серијата филмови за Сасексови и го прикажува животот на Меган Маркл и на принцот Хари, со акцент на нивното напуштање на кралското семејство. Главните улоги им се доверени на релативно непознати актери – Сиднеј Мортон и Џордан Волен.
Војводите од Сасекс се прикажани како жртви, а главните негативци се принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Но мошне контроверзна сцена е онаа во која Меган загинува во сообраќајна несреќа, а алузиите на смртта на принцезата Дијана многумина ги нарекоа невкусни. Меѓу другото, филмот ги пресоздава сцените од интервјуто што двојката ѝ го даде на Опра Винфри, што предизвика голем интерес поради пикантериите за нивниот живот во палатата.
Сепак, сцената што привлече најголемо внимание во овој телевизиски филм е онаа што ја прикажува смртта на Меган Маркл во сообраќајна несреќа. Всушност, станува збор за ноќен кошмар на принцот, но избраните кадри се во голема мера инспирирани од настаните од местото на несреќата во која загина принцезата Дијана.
Споменатите сцени беа оквалификувани од голем дел од британската јавност како дегутантни и целосно непримерни. Недостигаа критики за филмот, а објавениот трејлер предизвика потсмев кај некои гледачи.
„Сцената на сообраќајката на леди Дијана е невкусна и тешко е да се поверува дека некој одлучил да ја вклучи“, „Кога мислите дека не може да биде полошо, еве изненадување“, „Глумата на главните актери е речиси исто толку лоша како она на Хари и Меган“, „Тешко е да се биде поневкусен од семејството Кардашијан, но со ова некако им успеа“… Ова се само некои од коментарите што може да се прочитаат за филмот по објавувањето на официјалниот трејлер.