Брендот „Пежо“ неодамна го најави најновиот модел во гамата – Новиот „пежо 3008“. А од денес официјално е достапен во салоните на „Еуроимпекс“, генерален увозник за „пежо“ во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и во Албанија.

Во моментов моделот е во фаза на лансирање во нашата држава и истиот ќе е достапен за тест возење за сите заинтересирани клиенти, кои ќе сакаат да доживеат целосно ново револуционерно искуство зад управувачот на овој современ и уникатен модел.

Како што е најавено, стратегијата на Брендот преферира на клиентот да му обезбеди „моќ на избор“ или „#PowerOfChoice“.

Сега потенцијалните клиенти имаат избор помеѓу верзија со внатрешно согорување (бензин/дизел) или плаг-ин хибрид.

Надворешната линија на новиот „пежо 3008“ го истакнува неговиот наметлив карактер со одлична избалансираност помеѓу моќ и префинетост, а неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет.

Со сега обновениот „пежо ај-кокпит“ кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот „пежо 3008“ е навистина интуитивно, а елементите се така поставени, за уште поголемо ваше уживање и едноставно користење.

Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува многу повеќе сензации а истовремено и лесно маневрирање.

Новиот десетинчен екран на допир е комбиниран со 3Д навигација со говорна команда и мулти-тач технологија.

Функцијата за ноќна визија е достапна во новиот 3008 каде при ноќно возење, со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200 метри пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе Ве предупреди со сигнал за тревога.

Истовремено напредниот „грип контрол” е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата Хил асист десент контрол”. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.

Елегантните хромирани „тагл“ дирки овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот висококвалитетен „хед-ап“ дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот.

На плаг-ин хибридната верзија, „пежо ај-кокпит“ вклучува дисплеј кој Ви овозможува да имате прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата во Вашето видно поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).

Новиот „пежо 3008“ означува почеток на нова смела ера на современост!

Доколку сакате и вие да бидете дел од ова искуство, побарајте понуда онлајн на следниот линк, а продажните референти и целиот тим на „пежо“ ви стојат на располагање за било какви прашања. Повеќе информации за моделот се достапни тука.