Вториот бран на коронавирусот и новиот карантин во повеќето европски земји ги уништија туристичките оператори во земјите на Европска Унија и во Велика Британија. Резулатот од најновото истражување покажува дека повеќето агенции, околу 61 отсто, до крајот на годинава ќе останат без пари и средства за работа. Преостанатите 27 проценти од агенциите одговориле дека можеби ќе преживеат до пролетта.
Истражувањето е направено преку социјалните мрежи, а е организирано од „Фејсбук груп травел госип“. Истражувањето, кое е спроведено на 2 ноември, покажа дека до јули 2021 година само 12 проценти од агенциите ќе останат во деловна активност. Светскиот совет за патувања и туризам пресмета дека ако градовите останат затворени и луѓето имаат ограничено движење поради карантин, само во туризмот во Велика Британија ќе се изгубат 2,4 милиони туристи. Финансиската загуба ќе изнесува 124 милијарди фунти.

– Потребна ни е стратегија од Владата за излез од проблемов, бидејќи туризмот во Велика Британија се распаѓа поради новиот карантин – вели Џулија Ло Бу, генерален директор на „Едвентиџ“.
Агенциите бараат појасни правила на игра, односно однапред да се договорат за процедурите за хигиена, карантинот и други работи поврзани со ковид-19.
Сопствениците на агенциите сметаат дека кога ќе почне вакцинирањето на населението и кога повторно ќе се отворат границите, ќе нема кој да организира патувања за туристите.