Новата бела боја што рефлектира 95,5 отсто од сончевата светлина може да помогне во разладување на куќите, автомобилите, па дури и на планетата. На светот му треба ладење во моментов поради тоа што стигнавме до речиси непоправлива точка во глобалното затоплување.

Инженери од Универзитетот „Пурду“ во Вест Лафајет град во сојузната американска држава Индијана ја направиле новата бела боја, пренесува „Синет“.

Поради можноста да рефлектира 95,5 отсто од сончевата светлина и на тој начин да ја одржува температурата на површината до 7 Целзиусови степени пониска отколку во околината, таа може да се користи како бесплатен климатизер.

Џозеф Пиплс, еден од истражувачите при универзитетот „Пурду“ објаснува дека бојата функционира како бесплатен климатизер со тоа што ја одбива сончевата светлина. Тимот имженери работеле на бојата повеќе години, а за нејзино создавање биле потребни многу тестирања. Главната состојка на бојата е калциум карбонат, соединение што се наоѓа во кредата или варовникот.

Истражувачите очекуваат бојата да се користи на куќите, покривите, автомобилите, па дури и на патиштата.