„Генерација +“ е мрачна но игрива серија што следи група средношколци, чие истражување на современата сексуалност ги доведува во прашање длабоковкоренетите верувања за животот, љубовта и семејството во нивната конзервативна заедница.
Во главните улоги се Натанија Александер, Клои Ист, Нава Мау, Лукита Максвел, Хејли Санчез, Ули Шлезингер, Нејтан Стјуарт Џерет, Чејс Суи Вондерс, Џастин Смит и Марта Плимптон.
Во гостински улоги ќе настапат Џ. Август Ричардс, Мери Брдсонг, Алисија Копола, Патриција де Леон, Диего Џозеф, Ентони Кевијан, Сидни Меј Дијаз, Џон Рос Боуви, Марван Салама, Марисела Зумбадо и Сем Тремел.
Автори на серијата се 19-годишната Зелда Барнс и нејзиниот татко Даниел Барнс. Извршни продуценти се Даниел Барнс, Бен Барнс, Зелда Барнс, Лина Данам, Шар Вајт и Џон Мелфи, а продуценти се Мариса Дијаз и Мајкл Коен. На сценариото за серијата работеа Зелда Барнс, Даниел Барнс, Лина Данам, Шар Вајт, Макс Салтарели, Ели Вилсон, Пелтон и Кристина Нивес. Режисери се Даниел Барнс, Ченинг Годфри Пиплс, Чиоке Насор, Каталина Агилар Мастрета, Ану Валија и Ендрју Ан.