Британскиот бенд „Колдплеј“ избра необичен начин да го одбележи објавувањето на својот најнов сингл „Higher Power“. Групата, чии најпознати хитови се „Paradise“ и „Viva la Vida“, се поврза со Меѓународната вселенска станица за да разговара со францускиот астронаут Тома Песке за животот во вселената. Песке е најмладиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА).
Тие, исто така, споделија снимена изведба на нивната нова песна на отворено, вклучувајќи живописни вонземски холограми како танцуваат на песната, а Песке ја пушти во бродот на вселенската станица ИСС.
– Во моментов не сме во можност да свириме за никого на Земјата, па затоа помисливме да свириме за тебе. Тоа е како наш концерт за еден човек – му рече Крис Мартин, вокалистот на бендот, на Песке за време на нивниот разговор. Видео од нивната комуникација беше споделено деновиве.
„Колдплеј“ ги отвори „Брит авордс“, највисоките почести на британската поп-музика, со изведба на „Higher Power“ на реката Темза во близината на свечената церемонија вo арената „О2“ во Лондон.