Исповедта на младата талентирана српска глумица Милена Радуловиќ дека како седумнаесетгодишна девојка ја силувал учителот Мика Алексиќ, во школата за глума што ја посетувала, ја потресе целата балканската јавност. Нејзиниот храбар чекор поттикна многу девојки и жени што биле во слична состојба јавно да го обелоденат тоа.
Многу познати јавни личности им даваат поддршка на овие жртви на насилство, а пред сѐ на Милена, која најде сили да го пријави случајот.
На свој начин зад младата глумица застанаа и актерот и музичар Бранко Ѓуриќ-Ѓура и хитмејкерот Бајага, со песната „Ниси сама“, за која Бајага го напиша текстот, а Ѓура музиката, а песната ја отпеа неговиот бенд „Бомбај штампа“.
Во моментов песната е химна на храброста и борбата против силувачите.
Песната прво беше објавена на Инстаграм, на профилот на Ѓура.