Ерик Клептон, Ник Кејв, Лијам Галагер, Нил Роџерс, се само дел од славните рок и блуз музичари, кои своите предмети ги подарија на аукција, со цел да им се помогне на загрозените колеги за време на пандемијата со коронавирус во Велика Британија.

Концерите и турнеите низ светот се откажани, па целта на аукцијата е да им се помогне на луѓето од оваа област. Во акуцијата се приклучија и Флоренс Велч, Роби Вилијамс и многу други.

Ерик Клептон, Марк Нофлер („Дајр стрејтс“) и Лијам Галагер ги подарија своите потпишани гитари, Ник Кејв ја подари бас-гитарата и педалата, Флоренс Велч („Флоренс енд д машин“), Роби Вилијамс и Ели Гудлинг подарија рачно напишани стихови, а Крег Дејвид („Хемикал брадрс“) – миксета и потпишан синтисајзер.

Нил Роџерс ја донираше својата гитара со која свиреше на бројни песни со групата „Чик“.

Пријавата на аукцијата преку сајтот изнесува пет фунти, а целта е до Божиќ да се соберат милион фунти.

Британската влада ѝ помогна на музичката индустрија со тоа што на 290 концертни сали им беа поделени 41 милиони фунти од Фондот за обнова на културата. Сепак, повеќе од 600 такви простори не се опфатени со мерките, а членовите на екипите за турнеи главно се самостојни тонци, мајстори за светло и слично.