Најновиот филм за Џејмс Бонд го надмина „Ф9“ („Брзи и брсни 9“) на светските киноблагајни.

Откако се отворија киносалите по долга пауза наметната од пандемијата, благајните бележат постепен раст на бројот на кинопосетители.

Еден од филмовите што навидум не сака да умре, иако е во кината повеќе од еден месец на повеќето пазари, е 25. авантура на Џејмс Бонд „Не е време за умирање“.

Минатиот викенд филмот постигна два големи подвига. Најпрво – филмот во режија на Кери Џоџи Фукунага и со Даниел Крег во главната улога – ги надмина 558-те милиони долари на „Ф9“ во светски рамки, и стана холивудскиот филм со најголема заработка на меѓународниот боксофис во ерата на пандемијата.

Филмот исто така успеа да надмине 700 милиони долари на светските киноблагајни.