Американски научници произвеле „ткаенина“ направена од полиетилен и се надеваат дека ќе помогнат во намалување на загадувањето со пластика, а во исто време производство на гардероба да биде попристапно.

Полиетиленот е еден од најраспространетите материјали, а се користи за производство на пластични кеси и амбалажа за храна.

„Ткаенината“ која ја пронашле американски научници може да се искористи за производство на спортска облека и во висока мода, чие производство помалку ја загадува животната средина од производството на природни влакна. Според пронаоѓачите предност е и што може да се рециклира.

Пластичните кеси може да се претворат во материјал за голем број намени, со мало влијание врз околината, вели д-р Светлана Борискина, раководител на одделот за инженерство на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во Кембриџ, САД. Таа додава „буквално можно е да се произведе нешто вредно од ѓубре, а благодарение на рециклирањето пак можно е да се повтори неколку пати“.

„Ткаенината“ е изработена од полиетиленски влакна, кои се бојат пред ткаење и може да се рециклираат неколку пати. Многу важно во споредба со пластичните кеси е тоа што тие задржуваат вода и што овој материјал и овозможува на кожата да дише.
Истражувачите велат дека голема предност е што оваа „ткаенина“ се пере во ладна вода, со што дополнително се намалува влијанието врз животната средина. Научниците се надеваат дека во иднина дури ќе може да се користи за изработка на издржливи вселенски одела и обезбедување заштита од космичко зрачење.