Неуспешните полагања за возачки во Велика Британија произведуваат скоро два милиони килограми јаглероден диоксид, стои во ново истражување. Стапката на положени возачки испити во Велика Британија е помала од половина. При секое полагање за возачка дозвола кое завршува со неуспешни резултати, се исфрлаат јаглерод диоксид и други емисии, исто како и секое возење со возило на бензин или дизел.

Податоците покажуваат дека помеѓу април 2019 и април 2020 година пред пандемијата на ковид-19 и намалувањето на бројот на полагања, имало вкупно 1.599.566 полагања за возачка, од кои 54 отсто или 864.966 од нив биле неуспешни.

Сето ова придонело за создање вкупно 1.998.512 килограми на јаглероден диоксид за 12 месеци, што е еквивалентно на иста количина што би се создала со 449 повратни патувања од Лондон до Мелбурн.